Компанијата БЦС е основана во 1992 година од поранешните вработени во македонското претставништво на ЕЛ БУЛЛ ХН (EL BULL HN). Во тоа време, основната дејност на БЦС беше инсталирање на Ханивел Бул мејнфрејм системи (Honeywell/Bull mainframe systems). Во 1994 година, БЦС покрај одржувањето на хардверот ги прошири своите услуги преку нудење картични решенија и производи на компанијата Датакард Груп (Datacard Group). БЦС стана фирма со најголема инсталирана база на мејнфрејм компјутери и првата ИТ компанија во Македонија која ги инсталира првите системи за кодирање и ембосирање на картички, банкомати и системи за прифаќање на картички. Првичниот пакет услуги, управуван од одличниот тим на високо обучени компјутерски експерти, ја квалификуваа компанијата за влез во списанието за Топ 100 најуспешни компании. Пет години по ред, БЦС беше рангирана како една од Топ 100-те најуспешни компании во Македонија.

Веднаш по ова признание, во 2000 година БЦС стартуваше со нова голема програма за проширување. Преку партнерствата со БУЛ (BULL), НЕК (NEC), ОЛИВЕТИ (OLIVETTI), АВГ (AVG), ГИГАТМС (GIGATMS), МАЈКРОСОФТ (MICROSOFT) МОКСА (MOXA), нашите корисници имаат придобивки од најновите достигнувања во технологијата и го добиваат највисокото ниво на поддршка. Со добивање на ISO 9001:2008 Системот за управување со квалитет во 2002 година, БЦС ја покажа својата посветеност кон достигнувањето на врвна услуга.

 

Мисија
Визија

 

Денес БЦС нуди највисок квалитет на ИТ решенија и производи од повеќе производители. Обезбедува хардверски и софтверски услуги, вклучувајќи инсталирање и конфигурирање, одржување, телефонска техничка помош, далечински надзор и консултации, а вклучува и широк спектар на организации и институции, како на пример: општини, универзитети, факултети, невладини организации, производители, мали, средни и големи претпријатија. Ние градиме и одржуваме силни врски со нашите корисници и добавувачи во рамките на пазарите на кои ги нудиме нашите услуги. Нашите најголеми корицници се големите финансиски и владини институции, малите, средните и големите претпријатија. Со развивањето на нивните бизниси, голем број на наши корисници направија аутсорсинг на нивните ИТ потреби и се потпреа врз БЦС како одговорен бизнис партнер. Нашата цел е да сте фокусирани кон вашата основна бизнис дејност и да дозволите БЦС да се грижи за Вашата ИТ инфраструктурата. Без разлика на големината на Вашата ИТ инфраструктура, нашите обучени, квалификувани и искусни ИТ професионалци може да создадат соодветни решенија кои ќе одговаарат на Вашите потреби и буџетот.

БЦС се истакнува на пазарот со врвната услуга , флексибилноста, деловната вредност како и желбата за успех на нашиот корисник. Ние сме успешни поради градењето на довербата, почитта и соработката со нашите корисници, соработници и продажни партнери.