БЦС веќе долго време им помага на финансиските институции да ја прифатат новата технологија и да бидат во чекор со најновите технолошки тредови. Во последните 20 години, БЦС стратешки создаваше цврсти врски со добро избрани групи на водечки ИКТ производители, вклучувајќи ги БУЛЛ (BULL), НЕК (NEC), ЕНТРУСТ ДАТАКАРД (ENTRUST DATACARD) ОЛИВЕТИ (OLIVETTI), АВГ (AVG), ГИГАТМС (GIGATMS), МАЈКРОСОФТ (MICROSOFT) , МОКСА (MOXA), но не се ограничи само на нив. Нашите професионалци инсталираа и одржаа голем број на комплексни системи низ земјата. БЦС беше првата компанија во Македонија која започна со системите за банкомати и терминали за продажба.
Денес, БЦС на финансиските институции им нуди решенија за картично работење кои се карактеризираат со висока безбедност, веродостојност и флексибилност. За оние кои ги сакаат најдобрите производи и решенија, заедно со извонредните услуги за одржување, БЦС е најдобриот избор. Нашиот опсег на производи и решенија вклучува:
- Системи за централно издавање на картички ( Мастер/Виза сертифицирани )
- Десктоп принтери за картички
- Машини за десктоп емосирање
- Системи за пасош
- Системи за поврзување и исполнување
- Софтвер и додатоци
- Мобилни решенија
Покрај тоа, како дел од нашето портфолио за производи, ние обезбедуваме и ИТ системи, печатари за штедни книшки, бројачи на валути/банкноти и машини за сортирање, баркод системи, системи за регулирање на чекање во ред, системи за поис на основни средства.