Ние сме особено горди на нашиот ISO 9001:2008 сертификат од ИКнет (IQNET) кој го стекнавме во 2002 година. Ние сме вистински посветени на разбирањето на потребите на нашите клиенти и внимателното работење со нив е со цел да дадеме високо квалитетни решенија и услуги, додека постојано го испитуваме и го подобруваме начинот на работа.

Нашиот систем за управување со квалитет (QMS) опфаќа дизајн, техничка поддршка, решенија и услуги за ИТ системите, како и обезбедување услуги поврзани со ИТ консултација.

Со нашиот QMS, нашите корисници може да бидат спокојни дека нашите деловни процеси и процедури работат преку докажан, систематски и постојан пристап каде задоволството на корисникот е најважно за нас.

Исто така, ние не ги делиме проектите во зависност од нивната големина. За секој проект го бараме најдобриот пристап за добивање најдобри резултати. Тоа го постигнуваме преку соработката со клиентите со цел на сите да им е јасна работата и да се задоволни со напредувањето во секоја фаза од проектот.

Покрај тоа, ние редовно бараме повратни реакции за да знаеме во кој дел треба да го подобриме начинот на работа и каде и кога да продолжиме со активностите кои добро функционираат.