Повеќе од 20 години, организациите и институциите имаат доверба во БЦС кога станува збор за нивните потреби од ИТ услуги. Обезбедувањето услуги за одржување е една од нашите главни способности како што се покажува со успешното спроведување на стотици договори во доменот на ИТ услугите. Како дел од својата пост-продажна поддршка, за да се максимизира достапноста на Вашата ИТ инфраструктура БЦС нуди најразлични услуги за техничко одржување. ИСО 9001:2008 сертификацијата ја покажува нашата посветеност кон постојано следење на високи стандарди и испорака на услуги. Нашите услуги вклучуваат услуги во рамките на Вашата организација, услуги на депо поправка, договор заснован врз договорите за одржување како и ад-хок услуги за поправка.

Со техничарите кои се достапни на лице место и кои се сертифицирани од страна на сите наши добавувачи, Вие може да бидете спокојни дека Вашата ИТ опрема ќе биде одржана во текот на својот животен циклус.

odrzuvanje na hardver

 

Дополнително, БЦС е лидер на пазарот на услуги за одржување на принтери. Од самиот почеток, фокусот на компанијата е насочен кон одличната поддршка за одржување. Денес, ние сме во можност да понудиме целосен опсег на услуги за одржување, вклучувајќи договори и ад-хок работа на поголемиот број технологии за принтери, вклучувајќи:

  • Ласер – монохроматски и во боја
  • Mултифункционален принтер
  • Tермален принтер
  • Линиски принтер
  • Принтери со цврсто мастило
  • Матричен принтер
  • Инџект принтер
  • Плотери
  • Баркод принтер

Нашиот професионален персонал е обучен и акредитиран на највисоко ниво преку присуството на обуки кои ние ги организираме заедно со производителите на принтери.

Повеќе