ТРАДИЦИЈА

Повеќе од две децении БЦС обезбедува најсовремени ИТ решенија и услуги. Фирмата има долгогодишна соработка со светските производители како што се: БУЛ (BULL), НЕК (NEC), ДАТАКАРД (DATACARD), ОЛИВЕТИ (OLIVETTI), АВГ (AVG), ГИГАТМС (GIGATMS), МАЈКРОСОФТ (MICROSOFT), МОКСА (MOXA) и други. Од компјутери до периферни уреди па сѐ до услуги за оддржување, ние се залагаме нашите корисници да бидат целосно задоволни во текот на нашата соработка.

 

ИСКУСТВО

Искуството е важно, а БЦС го има тоа. Во оваа дејност сме од 1992 година, служејќи за потребите на финансиските и владините институции како и на корпоративниот сектор. Тоа значи повеќе од две децении решавање на проблемите на клиентите и обезбедување ИКТ решенија и услуги. Нашите искусни и обучени професионалци може да го донесат вистинското ИТ решение за Вашата организација. Ние сме целосно посветени кон остварување на Вашите тековни потреби преку нудење на најдобри решенија и услуги.

 

СТРУЧНОСТ

Ние ја разбираме ИТ технологијата и знаеме како да ја примениме за да имате конкурентна предност. Нашиот тим за продажба е искусен во носењето иновативни решенија и истиот може да Ви помогне во рамките на Вашата организација. Од дизајн и инсталација до имплементација и аутсорсинг услуги, доколку Ви треба, ние ќе се осигураме Вашата опрема, системи, мрежи и слично да го достигнат највисокото ниво на работа.